Објави фотографија од матура: Игор Џамбазов се потсети на средношколските денови

Објави фотографија од матура: Игор Џамбазов се потсети на средношколските денови

Еден од најпознатите актери и шоумени во Македонија секојдневно е се поактивен на социјалната мрежа Инстаграм. Интересни видеа, фотографии со инспиративни статуси и други интересни содржини може да најдете на неговиот профил.

Но, покрај сето ова, со својата последна објава привлече големо внимание. Имено, тој се потсети на денот на кој секој човек ќе се сеќава до крајот на животот - денот на матура. Млад, згоден, со долга коса, во костум, одела и кравата, Игор позира покрај својата партнер.

„На матурска, 1981, со мојата партнерка Маринова Анче...еј ти младост моја, куќо недокуќена...“ - стоеше во описот на фотографијата, која за кратко време собра илјадници лајкови.


Можеби ќе ве интересира: