Објави видео на ТикТок, па го избриша: Ќерката на познатиот холивудски пар тврди дека животот со мајка ѝ бил пекол

Објави видео на ТикТок, па го избриша: Ќерката на познатиот холивудски пар тврди дека животот со мајка ѝ бил пекол

Објавена во: Совети // Семејство

Сем Шин, ќерка на познатиот актер Чарли Шин и актерката Денис Ричардс, неодамна објави видео на социјалните мрежи во кое упати страшни обвинувања против нејзината мајка и очувот Арон Пиперс.

17-годишната девојка го објави видеото на TikTok, и набрзо го избриша, но предоцна-нејзиното кратко сведочење веќе стана вирално и снимено.

„На денешен ден пред една година: заробена во насилно домаќинство, се мразев себеси, не јадев ниту спиев со денови, бев лудо депресивна, го презирав училиштето“, пишува Сем на почетокот на видео во кое изгледа доста вознемирена.

Тогаш снимката се менува и ја гледаме оваа тинејџерка насмеана, добро расположена и со виолетова коса. „Сега: конечно се иселив од пеколната куќа, имав духовно будење, имам две мачки, среќно сум слободна, полна со љубов за себе и го напуштив средното училиште“, ја опишала моменталната состојба.

И покрај фактот што таа не посочи на кое домаќинство мисли, односно со кој родител живее, бидејќи Денис и Чарли се разведоа, се претпоставува дека се што е кажано се однесува на Ричардс. Имено, Сем пред само два месеци објави видео во кое тврди дека нејзината мајка се обидела да ја исфрли од дома.

Foto:TikTok / screenshot

Извори блиски до семејството велат дека тврдењата на Сем се производ на тинејџерски бунт.

„Денис постави нормални правила што секој друг родител би ги поставил. Таа е мајка и родител и некои правила мора да постојат. Сем не сакаше да го следи тоа. Чарли не ги поддржа тие правила, па Сем одлучи да живее со својот татко. Денис ја обожава својата ќерка и беше погодена од ситуацијата“, рекол неименуван извор.

Во меѓувреме, Шин се огласил и преку својот портпарол: „Сем е одлична. Ја сакам неа и сите мои деца безусловно. Се забавуваме. Се подготвуваме за тестовите“.

Да потсетиме, Денис и Чарли беа во брак од 2002 до 2006 година, а покрај Сем, тие ја имаат и ќерката Лола (16). Едно време, целиот свет зуеше за тоа каков пекол преживеала актерката со Шин и психо-физичка тортура. Во тој турбулентен период, Денис го нарече Шин „педофил“, како и „невработена и неталентирана свиња“, и го обвини за бројни измами, алкохолизам и коцкање. Ниту тој не ја штедеше, и често знаеше да каже дека таа е „лоша мајка“.

Сепак, двојката ги закопа воените секири во 2012 година поради нивните деца, па денес тие се во релативно добра врска, а сексапилната актерка во својата автобиографија напиша дека „имале прекрасна љубовна приказна, но и еден од најлошите разводи некогаш“.

Извор: zena.blic.rs

Foto:Instagram


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: