Облеката ја издаде: Хајли и Џастин Бибер очекуваат принова?

Облеката ја издаде: Хајли и Џастин Бибер очекуваат принова?

Објавена во: Совети // Семејство

Најновите фотографии на 23 - годишната манекенка Хајли Бибер ги поттикнаа гласините дека оваа млада дама наскоро би можела да стане мајка. Имено, манекенката минатиот понеделник е уловена во спортско издание во Холивуд, а под црните хеланки и тесната маичка наѕираше заоблено стомаче.

Не требаше долго време за да започнат гласините дека таа и нејзиниот сопруг Џастин Бибер го очекуваат првото дете, но сопружниците тие гласини не ги коментираа.

„Ма, не е бремена. Веројатно се има добро најадено“ - беше еден од коментарите на социјалните мрежи, додека пак другите обожаватели на двојката имаа различно мислење.

„Никогаш не беше волку надуена, веројатно е бремена два месеци. Навистина возбудливо, Хајли и Џастин ќе добијат бебе. Сигурно целото семејство е пресреќно“ - напиша еден корисник на Инстаграм.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: