Обновување на уште љубовна романса на повидок: Анџелина Џоли на гости кај поранешниот маж?

Обновување на уште љубовна романса на повидок: Анџелина Џоли на гости кај поранешниот маж?

Објавена во: Живот // Живот

Дали Холивуд ќе биде размрдан од обновувањето на уште една романса?

Американската актерка помина три часа во домот на нејзиниот поранешен сопруг.

Анџелина Џоли (46) беше фотографирана во петокот вечерта додека влегуваше во зградата на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер, која инаку се наоѓа во Бруклин.

Откако Бред Пит неодамна го доби заедничкото старателство над нивните шест деца по долга судска битка, холивудската актерка беше снимена од папараците како влегува во зградата на Џони облечена во долг беж мантил. Во раката носеше торба Луј Витон и скапо шише вино, пишува PageSix.com.

Таа пристигна во домот на својот поранешен сопруг сосема сама, без телохранител и остана околу три часа, известуваат американските медиуми.

Следното утро, британскиот актер беше фотографиран како трча на дожд во близина на неговиот стан.

Анџелина пристигна во Њујорк на 7 јуни поради прослава на роденденот. Претходно беше сликана во истиот капут на аеродромот со децата. 

Да потсетиме, Анџелина Џоли и Џони Ли Милер се запознаа во 1995 година за време на снимањето на филмот „Хакери“, во кој и двајцата играа.

Тие се венчаа по само шест месеци врска. Венчавката била приватна, а Анџелина тогаш имала само 20 години. Наместо венчаница, таа беше облечена во кожни панталони и маица на која го напиша неговото име со крв. Сепак, бракот траеше кратко. Тие се разведоа во 1999 година и, наводно, останале добри пријатели.

извор:stil.kurir.rs

фото: pagesix / DIGGZY / JESAL / SplashNews.com

фото:GETTY Images

фото:profimedia

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: