Обожавателите бесни поради новата фотографија од Арчи за неговиот втор роденден: Меган и Хари повторно му го сокрија лицето
На фотографијата момчето држи балони, но е свртено со грб кон камерата...
Обожавателите на кралското семејство се малку бесни, бидејќи повторно не го видоа лицето на Арчи откако Меган Маркл и принцот Хари објави нова фотографија од нивниот син, по повод неговиот втор роденден.
На фотографијата, која беше објавена на сајтот „Archewell“ во четвртокот вечерта, се гледа како Арчи држи балони на имотот на семејството, свртен со грб кон камерата.
Ова не е првоат да не се види лицето на Арчи на официјална фотографија. Да потсетиме, на фотографијата објавена на Меѓународниот ден на жената главата на нивниот син беше свртена кон градите на Меган.
Оние кои се надеваа дека конечно ќе го видат неговото лице, барем на роденден, се изнервираа, а својот бес го искажаа на социјалните мрежи.
„Лицето на Арчи - главна тајна“, „Дали се срамат да му го покажат лицето на Арчи?“, „Зошто никогаш не го покажуваат неговото лице - затоа што тоа не е тој или само се претенциозни?“ - се само некои од коментарите во врска со фотографијата.
Други ги споредуваа со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои никогаш на фотографиите не им ги кријат лицата на своите деца.
фото:Tanjug/AP