Обожавателите ја критикуваат: Дали Ким Кардашијан претера со честитката за Денот на мајката?

Обожавателите ја критикуваат: Дали Ким Кардашијан претера со честитката за Денот на мајката?

Објавена во: Совети // Семејство

Денот на мајката е зад нас, а Ким со својата честитка не се прослави.

Ким Кардашијан Вест доби многу критики поради честитката која ја напиша на својата мајка по повод Денот на мајката во која ја величеше нејзината фигурва.

Да бидеме реални, што и да направи Ким не може да помине без критика, па така ни нејзината честитка за Денот на мајката. И додека голем број луѓе за овој ден ги воздигнуваат нивните мајки и им го честита денот во епитети како: загрижена, силна, посветена, трпелива, Ким својата мајка ја пофали за нејзиниот изглед. Имено, Ким на својот Инстаграм профил објави стара фотографија од својата мајка Крис во бикини. Фотографијата е направена во 80 - тите, набрзо по раѓањето на своето четврто дете, Роб Кардашијан. Оваа фотка само по себе не предизвика жестоки критики, но Ким во описот на фотографијата на својата мајка и честиташе само на завидната фигура, потенцирајќи дека нејзината фигура е „major goals“.


За кратко се појавија и критиките на сметка на описот. На Твитер лушето пишуваа коментари како: „Колку длабока и значајна порака. Остани слаба. Тоа е сè.“ или „Кажи ни што сакаш кај својата мајка, дали тоа што е грижлива? Разумна? Нејзината бескрајна љубов кон тебе? Не, туку тоа што е слаба и родила четири деца.“.

Покрај сево ова, Ким во описот успеа да се пофали и самата, истакнувајќи го подарокот кој и го подарила на својата мајка. Ким напиша: „Едвај чекам да ти го дадам подарокот... го пронајдов фотографот кој ја фотографирал нејзината венчавка со мојот татко во 1978 година. Ја купив камерата која ја користел и фотографиите и направив албум за неа“. Мора да се признае, дека подарокот е навистина креативен и добро осмислен, поради што не изненадува фактот дека нејзината мајка Крис од честитката и подарокот беше воодушевена, а токму тоа е најважно.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: