Обожавателите на „Бриџертон“ во шок: Повеќе нема да го гледаме Сајмон?

Обожавателите на „Бриџертон“ во шок: Повеќе нема да го гледаме Сајмон?

Објавена во: Stars // Филм

Иако ликот на Лорд Хастинг придонесе неизмерно за популарноста на серијата, а љубовната приказна на него и Дафне ги освои срцата на обожавателите, нема да ја гледаме во втората сезона...

Предупредување, предупредување, оваа вест би можела да ви го скрши срцето!

По исклучително успешната прва сезона од серијалот „Бриџертон“ на Нетфликс, најавена е втора сеозна, но без еден исклучително важен лик. Официјалната веб страница на серијата сподели дека Реге Жан Пејџ, актерот кој го глумеше ликот на Сајмон, ја напушта серијата, пишува Elite Daily. Поточно, сценариото продолжува без него.

Во соопштението објаснија:

„Почитувани читатели, бидејќи сите погледи сега се насочени кон потрагата по невеста за лордот Ентони Бриџертон, ние се збогуваме со Реге Жан Пејџ кој триумфално го одигра Лорд Хастингс. На екраните ќе ни недостасува Сајмон, но тој секогаш ќе биде дел од семејството Бриџертон. Дафне ќе продолжи да игра посветена сопруга и сестра, која ќе му помага на нејзиниот брат во претстојната сезона и сè што доаѓа по неа - повеќе романса и интриги, отколку што гледачите ќе можат да поднесат!“


Иако ликот на Лорд Хастингс придонесе неизмерно за популарноста на серијата, а љубовната приказна на него и Дафне, која ги освои срцата на обожавателите, нема да ја гледаме во втората сезона. Оваа сезона ќе се фокусира на приказната за лордот Ентони Бриџертон и неговата потрага по жена.

Малку е да се каже дека фановите се разочарани, бидејќи тие се згрозени. По објавувањето на одлуката започна лавината од коментари дека серијата нема да биде иста без Сајмон.

Една девојка напиша: „Штоооооо? Зоштоооооооо? Ноооо, јас гледам „Бриџертон“ поради него!“


Без Сајмон, серијата нема да биде иста, но не мора да значи дека ќе биде лоша. Треба да ѝ дадеме шанса и да видиме како Ентони успева во потрагата по љубов. 


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: