Обожавателите на пејачката се убедени дека сака да го промени полот: Ќерката на Џенифер Лопез сака да биде машко?

Обожавателите на пејачката се убедени дека сака да го промени полот: Ќерката на Џенифер Лопез сака да биде машко?

Објавена во: Совети // Семејство

Обожавателите на Џенифер се убедени дека нејзината ќерка сака да стане момче, што го оправдуваат со нејзиниот изглед...

Последните месеци, ќерката на Џенифер Лопез, Ема е на мета на константни критики од луѓето.

Џабе е сето она што оваа талентирана девојка го постигна со само 13 години - од тоа дека настапи на Super Bowl во вклучување во живо со мајка ѝ и Шакира, а со завидните вокални способности ја надмина Џеј Ло и беше јавно пофалена од Алиша Кис, една од најдобрите пејачки на сите времиња, потоа од моменталните проекти од кои заработува од 1 до 5 милиони годишно, па до тоа дека ја напиша книгата „Lord, help me“ и работи на нова за деца, како и дека е активна и во хуманитарната работа, одредени луѓе единствено нешто што знаат е да ја прозиваат на сметка на изгледот.

Ема со месеци добива стравични критики само затоа што нејзината бунтовна, тинејџ фаза се одвива пред будното око на јавноста.

фото: VASQUEZ / BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Коментарите на социјалните мрежи најчесто се немилосрдни - „грда е како ѓавол“, „замисли да имаш таква мајка, а ти да изгледаш вака“, „изгледаш како средновековна тетка“, „жени, внимавајте со кој правите деца“, „ужасно изгледа“. Овие коментари се само дел од она што може да се прочита на социјалните мрежи скеој пат кога ќе се појават нови папарацо фотографии од латино дивата со децата.

Ема која пред неколку месеци ја имаше исфарбано косата во тиркизна боја, летово во повеќе наврати беше уловена нерасположена, со насолзени очи, а дури и Бен Афлек неколку пати ја тешеше. Ема многу добро се согласува со децата на Афлекот, кој ги доби во бракот со Џенифер Гарнер, и ретко се разделуваат, а тоа се моментите кога Ема воглавно е насмеана и расположена.

фото: BROADIMAGE / SHUTTERSTOCK EDITORIAL / PROFIMEDIA

Поради сето тоа сега се разви нова теорија помеѓу обожавателите, а тоа е дека Ема всушност сака да биде машко, и дека поминува низ нешто слично како и ќерката на Бред Пит и Анџелина Џоли - Шајло.

Меѓутоа, како што пренесуваат странските медиуми, иако Шајло во меѓувреме се откажа од операцијата за промена на полот, и го воодушеви светот со своите женствени изданија, меѓутоа кога е Ема во прашање, многумина се убедени дека таа ја има надминато „girly“ фазата, и дека сега „преминува“ во тоа да биде момче.

фото: MATT AGUDO / SPLASHNEWS.COM / SPLASH / PROFIMEDIA

Ема повторно ја промени бојата на косата, а во псоледно време сѐ повеќе одбира облека за момчиња - машки кошули, маици и андроген изглед. Очевидци тврдат дека Ема во последно време оди поинаку, и дека се однесува како момче, односно, дека не е во прашање само промената на имиџот.

Иако најпрво сите ја обвинуваа Џеј Ло за тоа како се облекува ќерка ѝ, тврдејќи дека пејачката секогаш е премногу сексуализирана и дека на некој начин Ема компензира со носење на широки и незабележителни парчиња облека, вистина е дека латино дивата никогаш не им наметнувала на децата ништо друго освен работни навики, што и самата има истакнато во повеќе интервјуа, додека одлуките за личните избори целосно им ги препуштила.

Теориите на Интернет само се редат, а колку сето ова отиде далеку, сведочи и една која можеше да се прочита на Редит, дека токму Ема е причината поради која неодамна се карале Бен и неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер. Имено, актерот наводно сфаќа дека на Ема ѝ е полесно со неговите деца, и затоа често ги зима од училиште и не е толку строг кога се во прашање обврските, што резултирало со лоши оценки на училиште. Секако, на Гарнер ѝ пречи тоа, и затоа дошло до конфликт пред родителската средба, но ова, секако, се непроверени приказни, и најверојатно немаат врска со вистината.

фото: BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA

Вистина е дека дури и ако се испостави дека Ема сака да го промени полот еден ден, нејзината мајка ќе ја поддржи, со оглед на тоа што е една од поактивните борци за правата на ЛГБТ+ заедницата, како и дека во многу емисии зборуваше за транс личностите во своето семејство.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: