Обожавателите очајни поради смртта на еден од главните ликови во „La Casa de Papel“: Никој не го очекуваше тоа

Обожавателите очајни поради смртта на еден од главните ликови во „La Casa de Papel“: Никој не го очекуваше тоа

Објавена во: Stars // Филм

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Овој текст содржи спојлери од најновите епизоди на серијата...

Обожавателите на серијата „La Casa de Papel“ првите 5 епизоди од петтата сезона ги завршија со солзи поради смртта на еден од главните ликови на серијата.

Првиот дел од новата и последна сезона од серијата беше емитуван на 3 септември, додека големото финале на Нетфликс ќе може да се погледне дури во декември. Тимот на професорот е заробен во банката, додека војската надвор се подготвува да започне отворена војна. На сите им е јасно дека барем еден од крадците нема да ги преживее првите конфликти. Сепак, никој не очекуваш дека тоа ќе биде еден од главните ликови.

Во текот на целата серија обожавателите веруваа дека Токио (Урсула Корберо) ќе остане до самиот крај, со оглед на тоа дека таа е наратор на серијата. Меѓутоа, во последната епизода од првиот дел, Токио добива неколку куршуми во рацете и нозете од снајпер.


Знаејќи дека нема да преживее, таа ги испраѓа Денвер (Хајме Лоренте) и Манула (Белен Куеста) да одат да се засолнат. Тие двајца неволно ја оставаат Токио откако таа ги уверува дека ќе дојде по нив.

Меѓутоа, војската се приближи, откако што проби дупка во ѕидот и стигна вокујната каде Токио имаше барикада.

Борејќи се сама со нив, таа доби уште неколку куршуми и падна. Војниците, вклучувајќи го и Ганди (Хосе Мануел Пога) стојат зад неа, додека Токио се подготвуваше да умре.

Со насмевка на усните, Ганди го впери пиштолот во нејзината глава, подготвен да ја убие, како што во претходната сезона го направи тоа со Најроби (Алба Флорес).

Сепак, Токио го му ја скрати среќата, бидејќи тој не ги виде гранатите кои таа ги имаше на себе. Ганди се вџаши во тој момент и успеа само да сите да им викне „легнете доле“, но сепак доцна. Војниците и Токио се разнесети со екслозијата, додека нејзиниот љубовник Рио (Мигел Херан) сето тоа го слуша. 

Обожавателите, смртта на главната хероина ги потресе, а разочарувањето го изразија и на „Редит“.

„Воопшто не ја сакав Токио и мислев дека кога ќе умре таа, нема да се потресам. Но, брате, ова навистина ме погоди. Повеќе отколку кога умреа Москва и Берлин, скоро колку кога Најроби беше убиена“, „Нејзиниот лик, буквално знаеше да биде иритантен, но нејзината смрт навистина ме погоди. Ќе ми недостасува до крајот на грабежот“, „Не можам да верувам дека Токио умре. Барем оној кретен го однесе со себе“, „Токио не беше мојот омилен лик, но нејзината смрт дефинитивно боли, колку што болеше и на Најроби“, „Не можам да ја процесирам оваа смрт. За Најроби, бев подготвена, но смртта на Токио е траума. Дали е ова реално“ - се само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку, актерката Урсула Корберо кажа дека не можела да престане да плаче поради смртта на ликот кој го глумеше:

„Се сеќавам дека не можев да престанам да плачам додека ги снимавме последните кадри. Чувствував болка во стомакот. Многу луди работи се случуваа и оваа серија дефинитивно ми го промени животот.“


фото: Profimedia/Netflix / Everett

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: