Обожавателите одбраа една за најурнебесна: Која е насмешната епизода од „Пријатели“?

Обожавателите одбраа една за најурнебесна: Која е насмешната епизода од „Пријатели“?

Објавена во: Stars // Филм

Иако има неколку кои се одлични, само една е најсмешна од сите...

Една од најпопуларните серии на сите времиња, „Пријатели“ се врати вчера. Старата актерска екипа повторно се врати во своите стари улоги и ги воодушеви обожавателите. Тоа беше идеална можност и да се присетиме на некои од старите епизоди на кои можеби имаме заборавено.

Нови епизоди од „Пријатели“ не излегуваа со години, но и понатаму сите ги гледаат, знаат за нив и ги сакаат. Серијата е смешна и забавна, актерите се симпатични и харизматични, сценариото е интересно... Пред неколку години, серијата славеше 25 - годишен јубилеј, а за таа прилика „Comedy Central“ истражи која е најсмешната епизода од оваа серија по мислењето на публиката.

Ова изгледа како да била многу тешка задача, но по два месеци и 12.000 гласови, се дојде до неколку епизоди кои се издвоија и една која за публиката е најсмешна. ОД 236 епизоди, онаа која е најурнебесна е третата епизода од 10 - тата сезона, под назив „The One With Ross's Tan“.


Тоа е онаа епизода во која Рос за првпат оди во солариум, но не успева добро да ги следи инструкциите кои ги добива, па од солариум излегува со многу лош тен, само на предната страна од телото.

Еве кои други епизоди се најдоа во топ 5:

# „The One Where Everybody Finds Out“ (5 сезона, 14 епизода)

# „The One Where Ross Is Fine“ (10 сезона, 2 епизода)

# „The One Where No One's Ready“ (3 сезона, 2 епизода)

# „The One With The Boobies“ (1 сезона, 13 епизода)

# „The One With Ross's Tan“ (10 сезона, 3 епизода)


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: