Обожавателите се бесни: Џејмс Чарлс се преправаше дека е во блажена состојба

Обожавателите се бесни: Џејмс Чарлс се преправаше дека е во блажена состојба

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Кариерата на јутјуберот Џејмс Чарлс е полна со подеми и падови, па така Џејмс едвај успеа да се опорави по скандалите со Џефри Стар и Тати Весбрук, кои го обвинија како предавник кој заведува стрејт момчиња. Сепак, Џејмс успеа да се опорави од тој огромен скандал и повеќе не се впушти во поголема драма, но неговото последно видео повоторно му овозможи нешто слично на тоа.

Џејмс објави видео „Бремен на 24 часа“ во кое носеше труднички стомак и на еден ден се преправаше дека е во блажена состојба. На крајот имаше и „пораѓај“ со масажер кој создава слична болка, како оние кои ги имаат трудниците.


Покрај среќното и безгрижно видео, обожавателите се побунија околу фотографијата која Џејмс ја објави на својот Инстаграм профил. На фотографијата тој клечи гол помеѓу ружи со трудничкиот стомак, а фотографијата многу потсетува на онаа на Хелси во која таа позираше со својот стомак во истата поза, пренесува „E!“.

Еден од коментарите на лутите обожаватели гласеше „Џејмс и неговиот тим го создале ова сра*е и не виделе ништо лошо во ова?“, додека друг се надоврза „Џејм е во период во кој веќе добро знае дека шегите на сметка на трудниците не се ниту смешни, ниту забавни. Зарем толку очајно сака публицитет?“, а и трет исто така го искажа своето незадоволство „Хелси имала ендометриоза и спонтан абортус на сцена. Како неговиот тим можел да дозволи овој фотошоп да личи на оној на Хелси, тоа е одвратно поради сите проблеми низ кои таа поминала поради плодноста“.

Џејмс ова видео го има сфатено несериозно, па константно се шегува и жали поради тежината на трудничкиот стомак. Многу од коментарите на видеото се негативно, а многумина се шегуваат на сметка на Хелси, која во минатото се соочи со големи проблеми со бременоста. Џејмс не се огласи на критиките на сметка на видеото и фотографијата кои ги објави.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: