Обожавателите шокирани од гласот на Зејн Малик: Звучи многу поразлично отколку кога пее?

Обожавателите шокирани од гласот на Зејн Малик: Звучи многу поразлично отколку кога пее?

Објавена во: Stars // Музика

Мислиш дека знаеш како звучи гласот на Зејн? Слушни ја снимката, сигурно не е она што го замислуваш...

Дали е можно да не сме го чуле како зборува толку долго што сме заборавиле каков глас има или неговиот глас се сменил? Што и да е во прашање, сите останаа шокирани кога го слушнаа Зејн како зборува на Инстаграм.

Единствените моменти кога можеме да ги слушнеме нашите омилени пејачи како зборуваат е на концерти, разни гостувања и интервјуа или кога споделуваат некое видео на нивните социјални мрежи. Зејн сега објави видео во живо на Инстаграм во кое зборуваше за својата нова музика. Фановите сакаа да слушнат што тој има да каже за новата песна и голем број од нив беа шокирани од неговиот глас кога го слушнаа како зборува. Иако можеме да го слушнеме како зборува во различни видеа, микрофонот сепак малку го менува неговиот глас, а тука можеше да се слушне неговиот вистински глас.


Ова сигурно не беше изненадување за најголемите обожаватели, но еден куп други - понови фанови или оние кои не го следат секој негов јавен настап, останаа во мал шок. Гласот кога зборува звучи доста поразлично од гласот кога пее. И се чинеше дека никој не го очекуваше тоа. Еве како звучи кога тој пее.


Додека некои беа изненадени и од акцентот, повеќето сè уште знаат дека Зејн е од Велика Британија и го има тој сладок британски акцент, но она што повеќе луѓе не го очекуваа беше тонот на гласот.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: