Обожавателите во солзи: Пристигна трејлерот за последниот дел од серијата „La Casa de Papel“

Обожавателите во солзи: Пристигна трејлерот за последниот дел од серијата „La Casa de Papel“

Објавена во: Stars // Филм

Нетфликс вчера го објави трејлерот за последниот дел од серијата „La Casa de Papel“, а обожавателите уште сега се тажни што ова ќе бидат последните епизоди кои ќе ги изгледаат.

Вториот дел од петтата сезона обожавателите ја очекуваа со нетрпение со оглед на тоа што во последната епизода умира еден од најомилените ликови.

„Најголемиот грабеж во светот е пред самиот крај“ - објавено е на официјалниот профил на најпопуларната серија на сите времиња на Нетфликс.

Трејлерот започнува со впечатлива сцена во која Професорот се појавува пред банката во која се наоѓа неговиот тим. Ветувања, солзи, емотивни зборови и екслозии се менуваат во текот на трејлот кој е многу возбудлив, но по реакциите на обожавателите и многу тажен.


„Единствено што можам да кажам е дека ќе плаќам како утре да не постои“, „Ми дадовте повеќе прашања отколку одговори“, „Главата ќе ми експлодира“, „Ова ќе биде епски и тажен крај, што ќе се запише во историјата“, „Оваа приказна завршува, но отпорот продолжува“, „Ова е толку тажно“, „Не можам да престанам да плачам“, „Едвај чекам“  - се само некои од коментарите.

Вториот дел од петтата сезона на „La Casa de Papel“ на Нетфликс премиерно ќе биде прикажан на 3 декември.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: