Обожавателите загрижени: Адисон Реј заминува од ТикТок?

Обожавателите загрижени: Адисон Реј заминува од ТикТок?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Адисон Реј е една од најголемите ѕвезди на социјалната мрежа ТикТок, на која досега заработи барем пет милиони долари. Меѓутоа, на обожавателите им изгледа дека таа се засити од тоа и дека е подготвена да се посвети на други работи. Работите отидоа доволно далеку, што дури и Адисон мораше да се огласи.

„Јас не го напиштив ТикТок! Новите објави пристигнуваат наскоро“ - напиша Реј на својот Твитер профил. По нејзините зборови, се огласи и Twitch стримерот Карл Џејкобс, шегувајќи се дека го убила неизвесноста да слушне што се случува! Адисон му одговори и на него, велејќи дека би било убаво тие двајца да снимаат нешто заедно.


Доколку се прашувате од каде доаѓа идејата за заминувањето на Адисон, тоа е од обожавателите кои забележале дека таа константно споделува видеа со голема временска разлика помеѓу истите. На пример, на 12 февруари е нејзината последна објава, но во прашање беше спонзорирано видео.

Адисон дефинитивно не зависи од ТикТок, со оглед на тоа што неодамна започна со снимањето на римејкот за филмот „She's All That“. Ова е неверојатно важна улога за неа, особено затоа што е главен лик.

Освен тоа, непотврдени извори веќе некое време зборуваат дека Адисон подготвува музичка кариера, како и дека кон тоа ќе пристапи сериозно. Како што се наведува, Реј зад себе веќе има силен тим кој ќе ѝ овозможи да работи со некои од најголемите имиња во музичката индустрија. Некои гласини одат толку далеку што велат дека таа ќе објави сингл со Ники Минаж, како и дека продуцент на албумот што ќе го издаде е познатиот Бени Бланко.

Меѓутоа, дури и во случај да се случи ова, изгледа дека Адисон ќе остане на ТикТок. Кога зборуваше во декември за иднината на оваа социјална мрежа, таа истакна дека ќе остане на неа се додека постои интерес за нејзините активности. Значи, тоа најмногу зависи од нејзината публика.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: