Обожавателка почнала да се гуши за време на концертот на Били Ајлиш: Пејачката веднаш го прекинала настапот
Безбедноста е на прво место!
Били Ајлиш го прекина својот концерт во Атланта, Џорџија, на 5 февруари, за да се погрижи за обожавателката која имала проблеми со дишењето. Според зборовите на еден обожавател кој присуствувал на настанот, пејачката го паузирала својот настап набрзо откако обожавателката побарала помош.
„Ѝ помогнаа и се уверија дека е добро“ - кажа обожавателката Дана за „E! News“, а потоа додаде: „Потоа, Били забележа дека луѓето се мачат, па ги замоли сите да се повлечат и да направат место. Одеднаш луѓето почнаа да бараат инхалатор, друга девојка имаше потешкотии со дишењето. Били сопре сѐ!“
На видеата од концертот можеме да ја видиме пејачката како ја снима масата луѓе пред да побара од својот тим инхалотор: „Во ред е, имаме еден. Луѓето дајте ѝ малку време. Не правете гужва“. Вртејќи се кон публиката, младата ѕвезда се обиде да ги смири сите: „Опуштете се, во ред е“, а пред да продолжи со настапот, додаде: „Чекам луѓето да бидат добро, за да продолжам“.
Она што секако со сигурно можеме да го кажеме е дека пејачката, покрај огромниот талент, пред сѐ е многу внимателна и одговорна. Да не заборавиме дкеа во ноември имаше страшна трагедија на Astroworld фестивалот, каде среде големиот број луѓе настрадаа десет луѓе, како последица од гушење.