Образованието во Шведска: На родителските средби децата им кажуваат на наставниците и родителите каква помош им треба
Петчлено семејство, пред шест години ја напуштило родната Хрватска и заминало во Шведска. Оваа жртва родителите ја направиле само за на своите три деца (Бригта, Валентин и Дамјан) да им овозможат подобро образование и иднина.
Бригита, најстарата ќерка тогаш завршила 2 година во Каталочката гимназија, а синовите, Валентин и Дамјан, завршиле и 5 одделение. Во Шведска запишувањето во училиште било прелесно, бидејќи по пријавата за преселба во општина, семејството добило повик од училиштето за прв состанок со наставничката.
Кога е образованието во прашање, на родителите им било полесно, бидејќи на почетокот на годинаа немале никакви дополнителни трошоци, освне да купат резервни патики и тренерка, бидејќи се останато финансира државата. Пристапот во шведското образование е многу индивидуален и детето се става во прв план, а на родителските средби децата се прашуваат на кој начин може наставниците и родителите да му помогнат за да напредува.