Обувки: 5 најпопуларни модели за пролетната сезона
Чевли … И да имавме илјада пара, ќе беше премалку. Додека не го оствариме тој сон, ќе се задоволиме со следните модели во текот на пролетната сезона.
Чевли со шпиц
Без разлика дали се работи за балетанки, чизми до глужд или штикли, чевлите со шпиц се популарни оваа сезона. Добрата работа кај овие чевли е што визуелно ги издолжуваат вашите нозе.
Бели чевли
Иако можеби ве потсетуваат на зима или на свадби, белите чевли се многу популарен модел на чевли. Нивната голема предност е што со оглед на бојата можат да се комбинираат со сите останати парчиња облека и се одлични за сите пригоди.
Мокасини
Уморни од вашите вообичаени „работни“ чевли? Ако сакате да додадете структура на вашиот бизнис стил, изберете мокасини. Иако изгледаат одлично со парчиња инспирирани од „машкиот плакар“, исто толку добро изгледаат и со женствени парчиња.
Фото:screenshot