Очајнички потег: Кајли Џенер продава средства за дезинфекција

Очајнички потег: Кајли Џенер продава средства за дезинфекција

Објавена во: Мода // Moj стил

Кајли Џенер има доволно пари за неа и нејзиното семејство да живеат удобно уште неколку генерации. Сепак, на никого не му е јасно зошто започна да продава сопствени дезинфекциски средства. Деновиве е на одмор во Колорадо, а својот нов производ го објави на социјалните мрежи, а истиот наиде на секакви реакции.

Кајли минатата година донираше милион долари на медицински работници кои директно се борат против пандемијата, пренесува Daily Mail. Луѓето се збунети од нејзиното арогантно однесување и ја обвинија дека сака да профитира и да заработи пари на пандемија што однесе многу животи.

„Кајли навистина ли продава средства за дезинфекција за 7 долари? И дали некој навистина ќе го купи тоа?“ - гласеше еден од многуте негативни коментари. „Кајли профитира од пандемија… што има ново“ - следниот беше малку саркатичен.

Покрај негативните, имаше и позитивни коментари: „Никогаш не сум видел поубаво средство за дезинфекција“.

Средството за дезинфекција за кожа на Кајли чини 7 долари по шише, што е околу 6 евра. Многумина се согласуваат дека средството е прескапо, но се сомневаме дека цената ќе биде намалена.

По „Kylie Cosmeics“, брендот на нејзината шминка, Кајли Џенер ја основа „Kylie skin“, бренд за сопствена козметика во 2019 година. И двата бренда се исклучително успешни, па навистина не ни е јасно зошто таа сака да профитира од пандемија и средства за дезинфекција?

Покрај Кајли, нејзината мајка и менаџерката Крис Џенер го промовираше производот на социјалните мрежи, наведувајќи дека истиот е „must have“, а во остатокот посочи дека не станува збор за обично средство за дезинфекција, туку за средство што не ја суши кожата и мириса убаво.

Мислиме дека не треба да споменуваме дека овој производ не вреди за таа сума. Сето ова само ни докажува колку се добри Кардашијан - Џенерс и во маркетингот и во промовирањето на своите производи, што дури не ни се ни потребни.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: