Од Адел до Вил Смит: Ова се најљубезните и најпријатните ѕвезди во Холивуд

Од Адел до Вил Смит: Ова се најљубезните и најпријатните ѕвезди во Холивуд

Објавена во: Музика, Филм

Познатите личности сите или ги сакаат или ги мразат, но ретко кој е рамнодушен кон нив. 

Додека некои ѕвезди се познати по своето лошо однесување, адруги се познати по лошиот впечаток кој го оставаат за време на интервјуата, трети ги презираат папараците и избегнуваат своите обожаватели (познатите личности од овие три групи ви ги откривме неодамна). 

Но, во морето познати личности има и такви кои се многу љубезни, кои со задоволство зборуваат со случајните минувачи и кои важат за едни од најприземните ѕвезди на денешницата.

На пример, една од најпознатите пејачки на денешницата, Адел постојано ги изненадува своите обожаватели. Дали станува збор за изненадување на некој од нејзините концерти или пак за време на некое интевју, не е важно зошто пејачката постојано се труди да биде блиску до луѓето кои ја почитуваат.

Во оваа група исто така е познатиот актер Двејн Џонсон или попознат како „Д Рок“. Имено, актерот со неверојатна насмевка постојано ги изненадува своите обожаватели, а едно од изненадувањата кое тој ги има направено е она кога беше матичар на венчавката на својот фан.

Уште еден актер се вброи во оваа листа, а тоа е Вил Смит. За неговата човечност и посветеност говори фактот што на повеќе интервјуа со себе го носи целото свое семејство, а неговата наклонетост кон семејството е пресудна за многу негови обожаватели.

Кој друг се најде на оваа листа, освен двајцата актери и познатата пејачка, погледнете во видеото во продолжение:


Објавена во: Музика, Филм

Можеби ќе ве интересира: