Од аеродром во студио: Ања Ветерова пролетниот одмор го поминува работно (ФОТО)

Од аеродром во студио: Ања Ветерова пролетниот одмор го поминува работно (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

Уште како дете е активна на музичката сцена, некогаш како дел од детскиот фестивал „Супер ѕвезда“, а денес полека, но сигурно ја гради својата музичка кариера.

Ања Ветерова е една од младите и талентирани пејачки, за која допрва ќе слушаме. Своето музичко образование реши да го продолжи во САД, на реномираниот универзитет „Беркли“. Од таму често ги известува своите следбеници за успесите кои ги постигнува, но сега имаше нешто сосема поинакво.

Имено, пред неколку дена Ања откри дека пролетниот одмор ќе го помине во Македонија, а уште во првите денови од враќањето, откри дека ова нема да биде класичен одмор. Таа само неколку дена по пристигнувањето во Скопје, веднаш се упати во студиото на познатиот македонски композитор Дарко Димитров. Од таму сподели неколку фотографии, преку кои отрки дека работи на нова музика.

„Ден за студио. Добро е да дома“ - напиша Ветерова покрај една од фотографиите.

На новиот музички проект освен со Дарко, Ања откри дека работи и со познатата композиторка, текстописец и пејачка од Србија, Сара Милутиновиќ.

Што е она што ни го подготвува ова трио, ќе мора да почекаме до премиерното претставување, а до тогаш уживајте во една од најубавите балади на младата пејачка, која ја отпеа на Скопскиот фестивал во 2015 година.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: