Од документарецот на Митровиќ, Бака Прасе заработи 170.000: Во исто време снимаше за Јутјуб, донациите постојано доаѓаа

Од документарецот на Митровиќ, Бака Прасе заработи 170.000: Во исто време снимаше за Јутјуб, донациите постојано доаѓаа

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Профитираше...

На телевизијата „Пинк“ беше емитуван документарецот „Интернет насилство“ за јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе.

Во документарецот се изнесени шокантни факти за животот на младата интернет ѕвезда. Некои од нив и самиот Богдан ги потврди, а некои ги демантираше.

Додека документарецот се емитуваше во живо на телевизија, Бака Прасе беше вклучен во живо на својот Јутјуб канал и во исто време го гледаше и го коментираше со своите следбеници.

За нешто повеќе од еден час, Богдан скоро го собори рекордот, бидејќи неговото вклучување го следеа повеќе од 80.000 луѓе. Исто така, јутјуберот вклучи и донации, а обожавателите не штедеа, па му донираа дури 1.440 евра, што е околу 140.000 српски динари.

На крајот од вклучувањето, Бака беше видно задоволен и им се заблагодари на своите следбеници на парите и прегледите.

фото: Принтскрин / Јутјуб

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: