Од гените не може да се побегне: Со години ги прогласуваат за најубави жени на светот, а вака изгледаат нивните деца
Процените дали имаат доволно среќа да ги наследат гените од познатите мајки...
Тие со години се прогласувани за најубави жени на светот. Каде и да се појават денес крадат воздишки, а еве како изгледаат нивните деца.
Џулија Робертс во 1993 година се омажи за кантри пејачот Лајл Ловет, но се разведоа по помалку од 2 години брак. Таа во 2002 година повторно основаше семејство, со кинематографот Даниел Модера, со кој има три деца.
Моника Белучи се мажеше двапати, првиот пат со италијанскиот фотограф Клаудио Карлос Басо, а вториот со актерот Винсент Касел. Во бракот со Винсент доби 2 ќерки. Нивната постарата ќерка е вистинска убавица, исто како и мајка ѝ, па затоа не е изненадувачки фактот што Дева веќе има потпишано договори со големите модни куќи.
Анџелина Џоли од бракот со Бред Пит има две биолошки деца. Близнаците неверојатно многу личат на неа.
Ќерките на Адријана Лима имаа среќа да го наследат нејзиниот ген. Сличноста со неа е огромна и нема сомнеж дека ќе израснат во вистински убавици.
Од 2001 година Брук Шилдс е во брак со Крис Хенчи, американскиот сценарист и режисер. Двојката има две ќерки.
Ајшварија Рај беше мис на светот во 1994 година, а денес е мајка на една ќерка.
Ќерката на Летиција Каста веќе тргна по стапките на мајка ѝ. Веруваме дека ќе биде еднакво успешно во светот на моделингот исто како и нејзината позната мајка.
фото: Profimedia