Од Х-Фактор до роденденската забава на светски познатите дизајнери: Илма Карахмет ги воодушевува сите со својот глас
Ова е можност која ретко се добива...
Пејачката Илма Карахмет ја воодушеви милионската публика со својот глас за време на учеството во шоуто „Х-Фактор Адриа“, каде стигна до финалето. Оваа млада дама има само 21 година, пред неа е голема кариера, а неодамна имаше можност да им пее на уво на најуспешните модни дизајнери.
Во прашање се Дин и Ден Катен, модни дизајнери и основачи на еден од најпознатите брендови, а младата пејачка откри како се нашла во друштво на овие светски познати личности.
„Неколку дена наназад што се однесува до мене тоа е главна тема. Се вратив од Милано со прекрасни впечатоци. Прекрасна беше публиката таму. Драго ми е што имав ваква можност на почетокот на својата кариера“ - вели Илма Карахмет за „Пинк.рс“ и откри како дошло до тоа да се запознае со светски познатите дизајнери:
„До саработката дојде сосема случајно. Јас имав концерт во Милано, каде се појави еден од браќата, конкретно Ден. Се запознавме, тој остана воодушевен од мојот глас. Ги прегледале сите мои видеа и ме повикаа да им гостувам на роденденската прослава.“