Од Интернет исчезна најпопуларното јајце на светот: Почнаа да се појавуваат теории за тоа што се случило

Од Интернет исчезна најпопуларното јајце на светот: Почнаа да се појавуваат теории за тоа што се случило

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Уште една мистерија...

Јајцето на Инстаграм секогаш има некои мистерии околу себе. Сите беа зачудени кога се појави и никој немаше идеја за што се работи. Сега истото јајце исчезна без никакво објаснување. Сите се прашуваат што се случило со него.

На профилот @world_record_egg одамна ништо не се случувава ништо, а сите кои го следат популарното јајце вчера се шокираа кога конечно се појави новата објава - јајцето исчезна. Кога јајцето се појави за првпат, стана најлајкувана објава на Инстаграм и никој не можеше да го достигне овој рекорд. Многу популарно јајце! И сега го нема! Сите објави од профилот се избришани и поставена е нова мистериозна објава на која може да се види само каде треба да стои јајцето, но него го нема. Дури и во самиот опис пишува: „Каде исчезна јајцето?“.

Кога првпат беше објавено, никој не знаеше за што се работи, а неколку месеци подоцна беше откриено дека сето тоа е кампања за предупредување за притисокот на социјалните мрежи врз луѓето и нивното ментално здравје. Објавени се неколку фотографии од јајца - прво нормално, а потоа и јајце кое пука. Пораката беше дека тоа ни го прават социјалните мрежи, не доведуваат до пукање. Пораката беше дека секој што треба да разговара со некој бидејќи се чувствува како да пука, нека се јави и нека не се плаши да зборува за тоа што го мачи.

Јајцето беше поучно. Беше најлајкувана објава долго време. До 2022 година, кога Аргентина го освои Светското првенство, а Меси објави фотографија на која го држи трофејот.

Доби повеќе лајкови. Сега луѓето во коментари се шегуваат дека Меси е виновен и дека го изел јајцеот, а некои сметаат дкеа тоа е знак дека јајцето се самоубило поради притисок. Малку мрачни предвидувања. Има и позитивни, па така некои сметаат дека сакаат оваа нова објава да стане најлакувана досега и дури тогаш ќе го вратат јајцето. Луѓето го сакаат јајцето назад. Иако засега не се знае што се случило, сигурно има добра причина зошто е направено ова и сигурно некогаш ќе биде откриена, секако кога ќе дојде вистинскиот момент.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: