Од мајка ѝ ја наследила вонсериската убавина: Како изгледа денес постарата ќерка на Адриана Лима и Марко Јариќ?
Најстарата ќерка на Адриана Лима, Валентина, израсна во вистинска убавица...
Бразилската убавица Адриана Лима и познатиот српски кошаркар Марко Јариќ во бракот добија две девојчиња - 12-годишната Валентина и 9-годишната Сиена.
Иако се разделија уште во 2014 година, а во 2016 и официјално се разведоа, двојката остана во добри односи, а во 2020 се појавија и гласини дека се смириле и се отвори можност за Лима повторно да биде „српска снаа“.
Приказната ја започнаа информациите дека заедно го поминале карантинот среде пандемијата на коронавирус, меѓутоа, немаше официјална потврда.
Сепак, кошаркарот многу често споделува фотографии со своите ќерки и многумина беа изненадени од тоа во каква убавица израснала нивната постара ќерка.
Всушност, изгледа дека полека светскиот шоубизнис добива нови ѕвезди - децата на познатите модели и актери кои лесни, но сигурно се закануваат дека ќе ги надминат во популарноста своите родители.
Во овој случај, следбениците се согласија - Валентина ја има наследено вонсериската убавина од мајка ѝ, додека од татко ѝ љубовта кон спортот, иако повеќе сака фудбал отколку кошарка, но и боречки вештини.
Инаку, Марко и Адриана и по завршувањето на љубовната врска се обидоа да си дадат неколку шанси, а и двајцата се посветени како родители. Откако Адриана заврши со кариерата како ангел на Викторија Сикрет, се посвети на девојчињата, а во една прилика изјави дека децата ѝ се најголема инспирација.
„Тие ме туркаат напред. Токму затоа што знам дека ме гледаат, се трудам да бидам најдобар пример“ - раскажа тогаш гордата мајка на двете девојчиња.
фото: Инстаграм