Од мајка им ја наследиле целата убавина: Ана Курникова му го честиташе роденденот на Енрике со прекрасен семеен портрет (ФОТО)

Од мајка им ја наследиле целата убавина: Ана Курникова му го честиташе роденденот на Енрике со прекрасен семеен портрет (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Иако претпочитаат да ги држат своите наследници подалеку од јавноста, тенисерката сега направи исклучок...

Руската тенисерка Ана Курникова и шпанскиот пејач Енрике Иглесијас се вбројуваат во познатите личности кои својот приватен живот го држат далеку од медиумите, па обожавателите многу ретко имаат можност да ѕирнат во нивното секојдневие.

Така Ана, својата втора бременост успеа да ја сокрие од љубопитните папараци, скоро до породувањето, а само понекогаш споделува фотографии или видеа од своите наследници. Ана и Енрике во декември 2017 година ги добија близнаците Николас и Луси, а потоа во јануари 2020 и ќерката Мери.

Сепак, по повод 47-от роденден на Енрике, Ана направи исклучок и на својот сакан му го честиташе роденденот со прекрасен семеен портрет, на кој ги покажа нивните наследници.

„Среќен роденден на најдобриот татко. Многу те сакаме“ - порача Курникова со фотографијата на која во целост може да го видиме среќното семејство.

За кратко време, оваа фотографија собра повеќе од 180.000 лајкови, а не изостануваат ни коментарите од воодушевените обожавателите.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: