Од мали учат за хуманост: Дечиња донираа пакетчиња во Интернатот за деца од социјални семејства во Љубанци
Празничната магија наголемо е започната. Ова е период од годината кога се мисли на секое дете, кога сите повеќе или помалку се трудиме да измамиме насмевка на лицата на најмладите.
Во една таква акција се пуштија и вработените и дечињата од детската градинка „Детска радост“ од Скопје.
Имено, родителите и децата од големата група од „Темјанушка“, градинка Детска радост, како и секоја година, така и оваа организираа новогодишна хуманитарна акција. За разлика од претходните години, оваа година се приклучија и децата од првата мала група.
Дечињата, родителите и учителките собираа новогодишни пакетчиња, од кои дел ги донираа во Интернатот за деца од социјални семејства во Љубанци, а останатиот дел ќе бидат подели преку хуманитарната организација Св. Спас.
Учителките истакнаа дека целта за оваа акција е да се видат насмевките на повеќе детски лица, а воедно децата кои дел од оваа хуманитарни акција од мали нозе да ги научат најважните доблести - хуманоста и човечноста.