Од насмеани девојчиња до големи музички ѕвезди: Едвај ќе ги препознаете Драгана Мирковиќ и Дара Бубамара од младоста (ФОТО)

Од насмеани девојчиња до големи музички ѕвезди: Едвај ќе ги препознаете Драгана Мирковиќ и Дара Бубамара од младоста (ФОТО)

Објавена во: Живот // Живот

Тие се пејачки кои успеаја да се изборат за своето место на естрадата и да направат хитови кои ќе се пеат засекогаш...

Пејачките Драгана Мирковиќ и Дара Бубамара важат за едни од најпопуларните пејачки на балканската естрада. Тие снимија бројни хитови кои публиката во многу прилики со задоволство ги пее и нарачува.

Тоа се песните „Поље јагода“, „Питају ме у мом крају“, „Ѕидови“, „Јелени кошуте љубе“ и многу други. Тие денес се остварени како пејачки, а од моментот кога се појавија на јавната сцена до денес нивните животи се многу променети.

Двете се имаат остварено како мајки, па така Драгана има син и ќерка, Марко и Мануела, додека Дара има еден син, Коста. Драга се омажи за Тони Бјелиќ и живее во Виена, а Дара беше омажена за Милан Кесиќ, со кој како што таа наведува е во добри односи и денес.

Тие две уште пред многу години се појавија на сцената, и публиката ги познава одамна, па понекогаш се појавуваат фотографии од нивната младост, на кое е тешко да ги препознаете. На еден профил на Инстаграм се појави фотографија од овие пејачки, а се претпоставува дека на неа немаат повеќе од 20, односно 30 години, бидејќи Драгана е 8 години постара од Дара.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: