Од Обама до Џоли: Кои познати ѕвезди го слават Меѓународниот ден на леваците?

Од Обама до Џоли: Кои познати ѕвезди го слават Меѓународниот ден на леваците?

Објавена во: Stars // Филм

Меѓународниот ден на леваците се одбележува на 13 август, а официјално е прогласен во 1992 година.

Дури 15% од популацијата пишува со левата рака, па доколку си помеѓу нив, ти си посебен. Ти го честитаме твојот ден. На денешен ден леваците ширум светот ја подигнале свеста за своите потреби со оглед на тоа дека светот е ориентиран на деснаците.

# Што значи да бидеш левак?

Според психолошката теорија кај леваците е развиена десна половина од мозогот. Во неа се центарот за креативност, уметност и емоција. Затоа постои верување дека леваците се покреативни, но и понеспретни од деснаците. Ескпертите исто така тврдат дека леваците побрзо размислуваат, а наводно и дека се поинтелигентни.

# Познати леваци

Можеби не се знаел, но дури 13 американски претседатели пишувале со лева рака, а помеѓу нив бил и Барак Обама. Освен него, голем број познати и славни имаат замачкани раце по пишувањето, а помеѓу нив се Анџелина Џоли, Мерлин Монро, Селин Дион и Еминем.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: