Од перница до ремек - дело: Марија црта мода по теркот на славните

Од перница до ремек - дело: Марија црта мода по теркот на славните

Марија Палоска е 21 - годишна девојка, која е студент на Економскиот факултет во Скопје и која има навистина инспиративно хоби, а тоа е цртањето. Нејзините изработки може да ги погледнете на нејзиниот Инстаграм профил @m_illustrations23.

„Уште како мала, од кога паметам за себе, обожавав во тетратките да цртам некои си мои фустани. Она што ќе го видев на ТВ уште истиот ден го прецртував. Тоа го правев пред да бидат познати социјалните мрежи (кога имав 5/6 години) и наместо како сега што ги објавуваме фотките на Инстаграм, цртежите се чуваа во тетратки и листови и обавезно потоа одеа во рацете на гостите дома... Кога веќе станаа популарни социјалните мрежи, решив да направам Инстаграм профил каде ќе бидам повеќе посветена и попрофесионална иако сè уште учам нови работи и се трудам да ги усовршам старите. Би сакала да ја споменам Елена Лука, таа е моја најголема мотивација и инспирација.“ - ни откри таа во интервјуто кое го направивме со неа.

Сега во време на изолацијата, таа се потруди своето хоби да го искористи како пополнување на слободното време. Имено, таа прави илустрации на чудните модни трендови кои се појавија како резултат на моменталната состојба.

„Инспирацијата за илустрациите дојде од чудните трендови кои се резултат на карантинот, но морам да признаам и зававни... Прво,сликање со перници за замена на фустани, со чаша вино, накит и чанти. Потоа објавување стари фотки каде што сме фул дотерани во добри времиња. Па си реков со мала креативност сето тоа да се направи како КРЕАТИВНИ КАРАНТИНСКИ илустрации. Плус имаме доста слободно време дома,па зошто да не го искористиме на начин на којшто ќе ни е забавно!“ - вели талентираната девојка.

Марија исто така ни откри дека првенствено сакала самата таа да се фотографира и да објави ваква фотка со перница, но поради тоа што знаела каква реакција може да очекува од нејзите домашни се одлучила истите да ги нацрта.

И. Мисајловска


Можеби ќе ве интересира: