Од правење снешко до дружба со кученца: Тамара со семејството ужива во зимска идила

Од правење снешко до дружба со кученца: Тамара со семејството ужива во зимска идила

Објавена во: Музика, Семејство

По настапот во Лондон, поп пејачката Тамара Тодевска со семејството замина во Маврово на зимски одмор. Иако во главниот град се уште нема снег, на планините има доволно за да се направи и снешко.

Па, така нејзината наследничка малата Хана уживаше оваа зимска игра и со помош на своите родители направи снешко на кој неизмерно му се радуваше.

Во доцните часови се дружеше со мали кученце, а од видеото кое го сподели Тамара може да се види како Хана ги гали и прегрнува.

Секако во оваа приказна свој момент имаа и малиот Дарен и тато Александар. На фотографиите во продолжение погледнете како ова семејство се забавува во Маврово.


Објавена во: Музика, Семејство

Можеби ќе ве интересира: