Од продавачи до шминкери: Децата на познатите Срби не ги сакаат парите на родителите - заработуваат сами

Од продавачи до шминкери: Децата на познатите Срби не ги сакаат парите на родителите - заработуваат сами

Објавена во: Совети // Семејство

Иако многумина на јавната сцена живеат на сметка на познатите родители, постои и друга страна - деца кои не сакаат да водат јавен живот, туку направиле сè за да заработуваат сами за себе, не сакајќи да зависат од приходите на своите родители.

Вистински пример за оние кои си заработуваат сами се Јован Пејиќ, синот на поранешната позната двојка, Злата Петровиќ и Зоран Пејиќ Пеја, ќерката на Мира Шкориќ, Милица Јеремиќ, наследничката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ, Софија и наследничката на Аца Лукас, Миљана.

Јован е примерен студент, има 21 година и е вработен во продавница на познат спортски бренд во склоп на еден трговски центар за плата од 285 евра.

„Јован веќе девет месеци работи во тој трговски центар. Не сакав да зборувам за тоа, но кога веќе дознавте, тогаш морам да се пофалам. Што да ви кажам освен дека сум горда на него. Сам одлучи да се вработи и да заработува. Тој е еден од најдобрите студенти, ги има сите десетки и деветки. Пеја и јас можеме да му дадеме сè што ќе посака, но тој сака да има свои пари. Наскоро ќе ја заврши втората година на факултет и успева да постигне сè“ - кажа Злата Петровиќ порано за српските медиуми и додаде дека Јован има многу планови за иднината.

„Неодамна ми кажа дека собира пари од платата за да си купи автомобил. Пеја и јас имаме автомобили, може да ги вози нашите, но ете, тој сака да има свој, за кој ќе заработи сам. Многу е одговорен и вреден, забавите не му се на прво место, иако, секако, го сака и тоа, како и сите млади. Да ви кажам право, и не ме чуди што е таков, бидејќи јас и Пеја сме исто така одговорни и вредни луѓе, ништо не ни падна од небо. Моето животно мото е дека човекот мора да биде борец во сè, бидејќи само така може да успее и драго ми е што тоа го пренесовме на нашиот Јован“ - заклучи неодамна пејачката.

Освен Јован, и ќерката на Лукас, Миљана, која има 29 години, одлучила дека не сака да се експонира во јавноста и да не зависи од парите кои ќе ѝ ги дава татко ѝ. Таа веќе неколку години работи како професионален шминкер во една телевизија.

Наследничката на Соња Вуксановиќ и Жељко Шашиќ има 21 година, и иако е млада, веќе го одбра својот правец и стана дизајнерка. Од мајка ѝ го има наследено талентот за мода, со која се занимава денес, а многу познати личности ги носат нејзините модели.

Миленичлката на пејачката Мира Шкориќ, за разлика од мајка ѝ, одлучила да не влезе во шоу бизнисот. Таа студира на Медицинскиот факултет и никогаш не сакала да се експонира во медиумите.

„Милица не ги сака медиумите и јавниот живот, но ме поддржува во сè. Кога беше мала можев да ја измам за некоја фотосесија или одење во ТВ емисија, но сега навистина не можам да влијаат на нејзините одлуки, ги носи сама. Со помош на семејството, успеав да ја усогласам работата со мајчинството“ - кажа Шкориќ во една прилика.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: