Од раѓање имаат милиони: Ова се најбогатите деца за 2020 година
Па, коe е најбогатото дете на светот во 2020 година? Кога првпат ќе го чуете ова прашање, сигурно прво што ќе ви падне на ум е дека тоа се деца на сопственици на реномирани бизниси и компании низ целиот свет. На пример, децата на Бил Гејтс се милионери според тоа што нивните родители се најбогатите луѓе во светот. Доколку би размислиле малку повеќе сигурно би рекле дека тоа се деца кои самостојно го заработиле своето богатство преку различни средства.
Но, која од овие две теории е поточна, дознајте од листата со 6 - те најбогати деца во светот:
1. Принцот Џорџ Александер Луис и принцезата Шарлота – милијарда долари
На врвот на листата на најбогати деца во светот за 2019 година е принцот Џорџ Александер Луис, познат и како принцот Џорџ од Кембриџ. Роден на 22 јули 2013 година, младиот принц е член на британското кралско семејство, кој е трет по ред за наследство на британскиот престол. Тој е најстариот син на принцот Вилијам, војводата од Кембриџ и Кетрин, војвотката од Кембриџ. Неговата помлада сестра, принцезата Шарлот, се смета дека има нето вредност од околу 1 милијарда долари.
2. Фиби Адел Гејтс – милијарда долари
Фиби Адел Гејтс воопшто не е во центарот на вниманието и нема многу информации за неа на Интернет. Сепак, нејзините многу познати родители се Бил и Мелинда Гејтс. И покрај тоа што таа е нивното најмладо дете, се наведува дека таа ќе стане најголемиот наследник на богатството по нивната смрт. Треба да наследи повеќе од една милијарда американски долари.
3. Блу Ајви Картер – милијарда долари
Ќерката на Бијонсе и Џеј-Зи е веќе многу богата, а нејзиното богатство продолжува да расте. Според многу извештаи, Блу Ајви во моментов вреди околу 1 милијарда долари и ќе стане уште побогата по смртта на нејзините родители.
4. Сури Круз – 800 милиони долари
Благодарение на славните родители Кејти Холмс и Том Круз, младата Сури е навиканата да го поминува поголемиот дел од својот живот во центарот на вниманието. Таа е постојано следена од папараци, а модните списанија веќе пишуваат за нејзиниот стил. Поголемиот дел од наследството ќе го добие по смртта на нејзините родители.
5. Нокс Џоли Пит и Вивијан Џоли Пит – 200 милиони долари
Нокс и Вивијан се близнаците на Бред Пит и Анџелина Џоли. Близнаците се толку богати благодарение на трудот и работата на нивните родители. Сепак, нивните родители, исто така, го зголемија богатството на своите деца со продажба на споделени фотографии. Еден пример за ова е фотографијата направена при раѓање, за која, наводно, додале 1 милион американски долари на својата сметка.
6. Ема и Максимилијан Муниз – 200 милиони долари
Макс и Ема се близнаци на Џенифер Лопез и Марк Ентони. Уште од нивното раѓање, медиумите ги обожаваа овие близнаци, а нивната мајка се уште е една од омилените познати личности во Америка. Благодарение на славата, овие деца имаат лична нето вредност од околу 200 милиони долари.
Извор: tuko.co.ke