Од раѓање се единствени: Децата на Мили имаат по две имиња со специјално значење
Александар Милиќ Мили е посветен на музиката и кандидатите во познатото музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а не крие дека клучот за неговиот успех е среќното семејство.
Александар Милиќ Мили со години ужива во бракот со сопругата Нина, за која многумина велат дека потсетува на супермодел.
Оваа брачна двојка има две деца, а Мили откри кои имиња тој и сопругата им ги дале на децата и зошто се одлучиле за таков спој, со оглед на тоа што не е карактеристичен за регионот.
„Син ми се вика Маркус Симеон Милиќ, додека ќерката Миа Јована Милиќ. Првото име го имаат добиено по некое значење. Маркус значи сила, образование и негов заштитен знак на името е Лав со книга, додека Миа значи „моја“, единствена, односно посебна личност“ - кажа Мили за „Grand Online“.
Мили не крие дека љубовта помеѓу него и Нина е иста како и првиот ден, а од друга страна себе се смета за внимателен и добар сопруг, но дека неговата романтична страна најдобро може да се види во неговите песни.
„Од моментот кога ја видов, знаев дека ќе ми биде сопруга еден ден. Таа утредента се враќаше во Италија на студии. На другарките веднаш им кажав: „Морам да го знам денот кога ќе слета Нина“. Шест месеци подоцна, таа се врати за Нова година и 2004-та година ја дочекавме заедно. Ѝ кажав утредента да одиме на вечера и потоа отидовме во едно кафуле во кое сакав да одам. Таму ја прашав дали има момче, таа ми кажа дека има. Веднаш ѝ кажав: „Види, планот е ваков: утре наутро повикај го и кажи му дека од вас нема ништо, дека тоа е она вистинското. Ние ќе се слушнеме околу пладне, јас ќе дојдам по тебе и јас и ти повеќе нема да се разделиме““ - искрен беше Мили, а неговата љубовна приказна воодушеви многумина.
фото: Принтскрин / Инстаграм