Од својата 16-годишна ќерка побарала да плаќа станарина: Дали оваа мајка е во право?

Од својата 16-годишна ќерка побарала да плаќа станарина: Дали оваа мајка е во право?

Објавена во: Совети // Семејство

Една самохрана мајка раскажа дека ја замолила својата 16-годишна ќерка да ѝ помогне со плаќањето станарина, но нејзината ќерка го одбила тоа и така започна големата расправа на Интернет.

Една самохрана мајка од Велика Британија на еден форум за родители ја споделила својата приказна за тоа дека од својата 16-годишна ќерка побарала парична помош за да ја плати станарината, пишува Miss7. Ситуацијата дополнително ја објаснила и посочила дека нејзината ќерка наскоро ќе наполни 17 години и на почетокот на летото ќе почне да стажира во една компанија и дека тоа ќе ѝ носи годишен приход од 14,5 илјади фунти.

Додала и дека нејзината ќерка нема никакви финансиски трошоци освен што секој ден си купува ручек, но дека всушност, ниту тоа не е потребно, бидејќи има можност секој ден да носи ручек од дома.

„Ја замолив да придонесе со 50 фунти неделно за домаќинството. Со тоа ќе ѝ биде обезбедена храна, топла вода која може да ја користи, превоз каде ѝ да посака, поточно кога и да посака, превоз до работа и од работа секој ден (со оглеед на тоа дека не живееме на автобуска рута, па нема можност да користи јавен превоз) и од други вообичаени работи. Па, ме натера да се почувствувам како најлоша мајка на светот што ја прашав“ - напиша мајката и додаде дека ѝ објаснила дека со оглед на нејзините години, го изгубила детскиот додаток и дека наскоро очекува дека и нејзиниот татко ќе престане да плаќа за издржување, а дека нивните трошоци сепак останале исти.

Коментарите на форумот набрзо почнале да се редат, а многу од луѓето биле на страната на мајката.

„Воопшто не сте неразумни. 16-годишна девојка која заработува треба да придонесува во домаќинството. Остатокот може да го заштеди, што ќе ја доведе во многу добра финансиска положба, а доколку таа одлучи да не плати, може и да си изнајми сопствено место за живот“ - напиша една жена на форумот.

„Кога го прочитав насловот на темата, помислив дека тоа е помалку злобно, меѓутоа, се предомислив и сметам дека е малку разгалена. Јас би престанал да ѝ го плаќам превозот, телефонската сметка и часовите за возење и би ѝ дозовлил сама да си организира сè и да си ги плаќа тие работи“ - додаде друг корисник на форумот.

Секако, има и такви кои не се согласуваат со мајката.

„Секако дека сте неразумни. Барате од 16-годишно девојче да си го плаќа престојот во сопствениот дом“ - се надоврза една жена.

Што мислите кој е во право?

фото: SHUTTERSTOCK

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: