Од ТикТок до гигантски хит: Запознајте ја Џесија, инспиративна канадска ѕвезда

Од ТикТок до гигантски хит: Запознајте ја Џесија, инспиративна канадска ѕвезда

Објавена во: Stars // Музика

Не постои личност која овие денови на ТикТок не ги слушнала стиховите „Maybe I'm not pretty, maybe I'm just fun“, зад кои стои оваа девојка...

Нејзиното име е Џесија (Jessia). Доаѓа од Канада и не ни сонувала дека животот во потполност ќе ѝ се промени за помалку од еден месец.

На ТикТок го објави незавршениот дел од песната „I am Not Pretty“, која ја смислила за момент, а која на луѓето им се допадна толку многу, што набрзо стана тренд - не само поради „catchy“ звукот, туку и поради важната порака која ја носи самата песна.

Џеси за teenstar.rs ја раскажа својата приказна, но и откри како дошло до тоа да пишува за односот кон телото и како изгледа нејзиниот креативен процес.

„Беше прилично лесно, бидејќи со пријателите водат разговори на таа тема. Прво нив ги барам во деновите кога имам недостаток на самодоверба. Песната дојде од срце и не се двоумев да кажам сѐ што ми паѓаше на ум. Со години сакав да пеам за оа и конечно излезе од мене.“ - откри Џесија, а потоа додаде: 

„Не би кажала дека бев под притисок и на тоа сум благодарна.. Се случуваше да ме повредат, но најмногу самата себе се притискав. Самата себе си бев најголем непријател. Пред некоклу години напорно работев за да се вљубам во себе и да го прифатам сопственото тело онакво какво што е. И понатаму работа на тоа, но сум горда и би ги охрабрила сите да го направат истото. Тоа е убава работа.“


Оваа песна стана хит уште пред самото официјално објавување, а видеото на Џесија на ТикТок има повеќе од 2 милиони лајкови. Младата пејачка не ја крие среќата поради тоа што луѓето одлично ја прифатија нејзината песна.

„И понатаму ми е нереално, но сум горда на движењето кое го започнав. Сакав да ги гледам на ТикТок сите видеа и да ги читам коментарите со поддршка, кои корисниците си ги упатуваат едни на други. На светот му треба многу повеќе од тоа.“

Потоа пејачката ја откри и колку време и било потребно за да настане оваа песна, на која работеше заедно со Елијах Вуд, но и која порака сака да ја пренесе:

„Тоа беа луди 48 часа. Тој е нереално битие. Толку е талентиран и пол со поддршка. Сите пишувавмеод два различни краја на земјата. Пишувањето на далечина го направи многу лесно. Елијах ми беше потпора во овој период и задоволна сум што го познавам.“ - не криеше младата ѕвезда, а потоа додаде:

„Пораката на песната е дека треба да се биде среќен во своето тело и треба да се гради врска помеѓу умот и телото. Твоето тело е толку моќно и ти дава толку многу што би требало да му дадеш малку љубов.“


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: