Од торта до декорација - сѐ е како во бајка: Како изгледаше прославата за 4-тиот роденден на ќерката Наташа Беквалац (ФОТО)
Наташа Беквалац направи прослава по повод четвртиот роденден
на помалата ќерка, а се беше во
знакот на изненадувањето!
Пејачката Наташа Беквалац го прослави четвртиот роденден на помалата ќерка Катја, која ја доби со поранешниот сопруг Лука Лазукиќ. Прво девојчето го прославила роденденот во градинка, а за тоа време нејзината мајка направила многу убаво изненадување.
Наташа најпрвин на својот Инстаграм сподели видео од пред две години, а потоа ѝ го честиташе роденденот на својата помлада сакана:
- Среќен роденден, мајкина љубов. Се што сакам е да се смееш вака цел живот, да бидеш здрава и така своја и посебна. Ти ми даде живот и ми го напиша името и презимето. Те сака мама, моја Катја.
Наташа на Инстаграм го покажа и изненадувањето кое ѝ го приреди на малата Катја.
-Додека Катја го слави роденденот во градинка, ние ѝ подготвуваме забава за изненадување - напиша Наташа, а потоа ги покажа кадрите од забавата.
Прекрасната декорација, белата роденденска торта за славеничката, како и аниматорите облечени во костими на Мики и Мини ги воодушевија најмалите, но и возрасните, па изгледа дека сите уживаа.
- Малку е надвор од контрола! – напиша Наташа во описот на видео од атмосферата од забавата на која присуствуваа нејзините сестри Кристина и Драгана Беквалац, како и синот на Кристина Ноа, но и еден куп пријатели на малата славеничка... Познато е дека сестрите Беквалац се неразделни Тука е и постарата ќерка на Наташа Хана, како и малата Катја - на забавата и нема крај!