Од трик со камион, до трагична несреќа: Почина 18-годишен ТикТокер

Од трик со камион, до трагична несреќа: Почина 18-годишен ТикТокер

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

18-годишниот ТикТокер Тимоти Хал, кој на оваа социјална мрежа е потпишан под името Timbo the Redneck го следеа над 200.000 следбеници, почина во несреќа.

Тимоти почина обидувајќи се да изведе трик со камион во дворот на еден приајтел, но нешто тргнало наопаку. Тој излетал низ прозорецот, а камионот се превртел и го поклопил.

Веста ја објави неговиот пријател Тони на Јутјуб каналот на Тимоти.


Ова го потврди и неговата мајка во видео објавено на ТикТок.

„Тој повеќе нема да снима видеа, никогаш повеќе. Мојот син вчера настрада во тешка несреќа и не успеа да преживее. Би сакала да им се заблагодарам на неговите обожаватели. Го сакаше ТикТок и веруваше дека обожавателите го поддржуваат, тоа многу му значеше“ - кажа таа.

@timbotheredneck

original sound - Timothy

Семејството моментално собира пари за неговиот погреб преку страницата GoFundMe.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: