Од утре: Со посебен протокол студентите ќе се вселуваат во студентските домови
Студентите долго чекаа на одлуката и неизвесно беше од кога ќе можат да се вселат во студентските домови.
Повеќе од 1.600 студенти од утре ќе се сместуваат во студентските домови, има место за уште 400.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, објави видео порака со цел да ги потсети стидентите дека од утре ќе може да се вселуваат во студентските домови под посебни протоколи. Вели дека капацитетот според протоколот за заштита од корона вирусот е 2080, а досега примени се 1.614.