Од утре студентите повторно бесплатно ќе го користат градскиот превоз
„Од утре, вторник продолжува да важат бесплатните годишни студентски билети за користење на јавниот превоз“ - соопштија од ЈСП.
Тие додадоа дека бесплатните средношколски билети и бесплатниот превоз за восрасни лица се уште нема да важи.
Инаку, од денеска автобусите започнуваат да сообраќаат непрекинато од 5 до 19 часот.