Од утре започнува зимскиот распуст: Учениците имаат 20 дена за собирање на нови сили

Од утре започнува зимскиот распуст: Учениците имаат 20 дена за собирање на нови сили

Објавена во: Совети // School zone

Утре, поточно од четврток, 31.12.2020 година започнува зимскиот распуст за средношколците и основниците. Наставата ќе ја продолжат на 21 јануари.

Поради целата ситуација со пандемијата и согласно измените на Календарот за огранизација на работа на училиштата, првото пологодие започна еден месец подоцна, поточно на 1 октомври. Полемика се водеше и за зимскиот распуст, кога имаше барања истио да започне порано, но ова барање не беше прифатено.

Напомена: Средношколците за време на зимскиот распуст нема да може да користат бесплатен автобуски превоз. 

„Средношколците од прва година, од почетокот на второто полугодие, бесплатен јавен превоз ќе можат да го користат само со персонализирана картичка ‘Скопска‘. Тоа значи дека од први јануари прекинува да им важи времениот хартиен билет и ќе мора да извадат персонализирана картичка во билетарниците на претпријатието“ - велат од ЈСП „Скопје“.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: