Одберете џемпер според градбата на телото: Советите од стилистиката на познатите ќе ви послужат за следниот шопинг

Одберете џемпер според градбата на телото: Советите од стилистиката на познатите ќе ви послужат за следниот шопинг

Објавена во: Мода // Moj стил

Кога зимата ќе тропне на врата, џемперите се омилено модно парче кое не е секогаш лесно да се одбере според градбата на телото.

Со деновите од зимата и падот на температурите, џемперите се едно од омилените модни парчиња кои се носат за разни прилики, а кои воедно не е толку лесно да се изберат според градбата на телото.

Доволни да ве затоплат кога температурите се под нулата, но и да ви дадат „стајлиш“ изглед, џемперите никогаш не изгледале подобро.

Оваа зима доминираат „оверсајз“ и ролка моделите, а деталите како украсни копчиња или интересен принт делуваат неодоливо за кревањето и на најобичните модни комбинации.

Доколку сакате од него да го извлечете најдоброто, потребно е да обрнете внимание на материјалот, кројот, должината на ракавите, како и отворот.

Совети од прва рака сподели Кејти Колинс, која ги стилизира познатите личност, меѓу кои се издвојуваат Никол Кидман и Кери Вошингтон.

# „Крушка“ градба

Кај жените со ваква градба, отворот е во фокус, поради фокусот на рамената, вратот и лицето. Најдобри решенија во овој случај е V изразот, а секогаш е прифатливо џемперот да се навлече во панталоните со висок струк, за да се создаде послаба фигура.


# „Јаболко“ градба

Иако последниве сезони во тренд се прерамките или ѕвонарските ракави, на дамите кои имаат пошироки колкови им се советува да ги заобиколат. Наједноставните парчиња им одговараат најмногу, а кројот може да го изберат по вкус. Крој што ја следи линијата на телото или малку се проширува се секогаш добредојдени.


# Високи девојки

Високите девојки имаат голем избор на распологање, и притоа не мора да се грижат за должината на моделот. Џемпери во форма на капут, со фармерки и чизми. Најдобар ефект ќе постигнат доколку џемперите ги искомбинираат со ѕвонарки со висок струк. Кај високите девојки тајната е во пронаоѓањето на баланс.


# Ситна градба

Низок струк, или уште подобро прерамки или сошиени детали кои го оттргнуваат вниманието се некои од идеите за ниските девојки. Обично подолгите џемпери и вишокот материјал имаат тенденција да ја проголтаат градбата, а тоа на ситните девојки не им е целта.


# Големи гради

Иако можеби звучи необично, ваквата градба убаво се сложува со тесните модели, какви што се на пример ролките или џемперите со класичен околувратник. Ако се одлучите за првата опција, стилистката препорачува да ја превиткате.


# Рамна градба

Џемперите со спуштени рамена или асиметрични кроеви изгледаат секси и шик, а „cut out“ деталите на грбот го крадат вниманието од природната градба.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: