Одбран е најсмешниот виц во светот: Го прогласија за најдобар, но ќе те насмее ли и тебе?

Одбран е најсмешниот виц во светот: Го прогласија за најдобар, но ќе те насмее ли и тебе?

Објавена во: Совети // Другарство

Наводно ова е најдобриот виц кој моментално постои...

Научниците некогаш се занимаваат со прилично чудни работи, а ова е само една од нив. Одлучија да го пронајдат најсмешниот виц на светот и тврдат дека успеале. Постои еден кој според нив ја носи победата.

Навистина се потрудија во својата потрага за најсмешен виц, бидејќи како што пишува LabBible, го барале дури 20 години. Психилогот д-р. Ричард Вајсмен го предводи ова истражување преку веб - страница LaughLab каде пред 20 години ги повика луѓето од целиот свет да дадат оценка на 5 случајно одбрани вицови. На сите им биле дадени 5 различни вицови по случаен избор од базата на податоци во која имале 40.000. Откако 1.5 милиони луѓе ги оцениле вицовите, еден ја доби титулата најсмешен виц на светот.

А, најсмешниот виц е следниот: Двајца ловци се во шума кога еден од нив паѓа. Изгледа како да не дише и очите му се насолзени. Другиот ловец го зема мобилниот телефон и вика брза помош. Тој им вели: „Мојот пријател е мртов! Што можам да направам?“ Операторот му вели: „Смирете се, можам да Ви помогнам. Прво, проверете дали е навистина мртов“. Тишината владее, а потоа се слуша истрел од пушка. Ловецот го зема мобилниот и вели: „Добро, сега што?“.

Се изнасмеа ли? Обиди се да го раскажеш овој виц и види каква ќе биде реакцијата на луѓето кои ги познаваш, бидејќи сигурно звучи подобро кога ќе се раскаже на некој, отколку кога ќе се прочита во себе. Но, како и да е, 1,5 милиони луѓе го одбраа овој како најсмешен виц.

фото: oneinchpunch / Shutterstock

Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: