Одговори на коментарите дека не зборува со пријателите од средно: Адисон Реј никако да ги разубеди фановите

Одговори на коментарите дека не зборува со пријателите од средно: Адисон Реј никако да ги разубеди фановите

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Адисон Реј за само една година од промовирањето на ТикТок стана една од најбогатите инфлуенсерки и секако најбогати ТикТокерки - „Форбс“ потврди дека „тежи“ околу пет милиони долари. Со толку пари и популарност, многу луѓе би се вообразиле и би престанале да се дружат со старите пријатели, а Адисон е обвинета дека го направила тоа.

Адисон брзо го помина патот од студентка до мегаѕвезда, а таквите луѓе често добиваат обвинувања дека се вообразени и дека ги одбиваат пријателите од „минатиот живот“. На тоа се насочи нејзината другарка Грејси, објавувајќи фотографии со неа со опис „кога навистина бевме другарки“. Адисон сепак одлучи да не молчи на овие обвиненија, бидејќи смета дека не се точни! „Не зборувајте дека сум се променила и не зборувам со поранешните пријатели, бидејќи не знаете ништо, оваа година и помогнав на пријателка од средно училиште да одлета до Лос Анџелес“ - напиша Адисон, но тоа не ја одбрани, бидејќи луѓето започнаа да пишуваат дека тој случај е само изговор.

@gracieahart

When @addisonre  was your actual tracy.. ##fyp

Yea Tracy - _thatkidbryce_

Адисон вели дека е природно некои контакти од средно училиште да се изгубат. „Природно е кога ќе се запишете на факултет да изгубите некои контакти од средно, јас престанав да се слушам со сите, тогаш започнаа повторно да ми се јавуваат кога се преселив во Лос Анџелес. Бев и деверуша на свадбата на една другарка од средно“ - се брани таа. Мислите ли вие дека Адисон се вообразила или тоа се само напади?

Што се однесува за љубовниот статус на Адисон, тука има многу шпекулации дека му се вратила на поранешното момче, Брајс Хол. меѓутоа, таа на Твитер потврди дека е сингл. Адисон се пошегува и ги римуваше зборовите „single“ и „jingle“, па напиша дека едвај чека да дојде Божиќ. Значи, од врската со Брајс нема ништо.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: