Оди во теретана, има тетоважа и ја обожава својата сестра: Вака изгледа братот на Бресквица (ФОТО)
Се вика Матеја и е помлад од пејачката...
Пејачката Анѓела Игњатовиќ Бресквица за пошироката јавноста попозната како Бресквица, стана позната по емотивната врска која ја имаше со музичарот Михајло веруовиќ Војаж, а по нивната разделба, таа започна соло кариера, а приватниот живот и членовите од своето семејство ги крие далеку од очите на јавноста.
Сепак, на социјалните мрежи често споделува фотографии од својот помлад брат Матеја, со кој се гордее. Не е непознат фактот дека Бресквица ги обожава кучињата, како и нејзиниот брат, па така го снимила додека тој спие со нив.
Матија, исто така е многу активен на социјалните мрежи, посветен е на тренинзите, за што говорат и неговите мускули, сака и тетоважи, и има една на своето тело.
Во една прилика на Инстаграм објави фотографија со сестра му, истакнувајќи дека таа е неговото најголемо богатство.
„Најголемото богатство е сестрата“ - напиша Матеја во описот на фотографијата со Бресквица.
Доколку судиме по фотографиите на профилот на Инстаграм, Матеја води вообичаен живот за еден тинејџер - оди во теретана, ужива со пријателите и е голема поддршка на својата сестра.
фото: Принтскрин / Инстаграм