Одличен настап на Тамара Грујеска на Јуниорскиот Евросонг (ВИДЕО)
Тамара Грујеска, македонската претставничка на Јуниорскиот Евросонг кој оваа година се одржа во Ница, Франција заврши на 12-то место.
Тамара имаше одличен настап на сцената со песната „Кажи ми, кажи ми кој“. Автор на песната е на Роберт Билбилов, микс и мастеринг Дарко Димитров и Роберт Билбилов, а текстот на Роберт Билбилов и Коста Петров.
Пред настапот Тамара му се обрати македонскиот аудиториум, но и на европскиот.
„Оваа прилика сакам да ја искористам за да ви се заблагодарам за беспрекорната поддршка која ми ја дадовте изминативе пет месеци. Воедно, сакам да се заблагодарам на Македонската радио-телевизија што ми ја даде оваа можност да ја претставувам Македонија на овогодинешниот Јуниорски Евросонг. Задоволството и честа се мои да бидам македонски претставник и гордо да ги претставам боите на нашата Македонија“, напиша Тамара.