Одлични есенски модни комбинации: Мина Блажев ужива во Франција (ФОТО)
Младата пејачка Мина Блажев, која ја запознавме во музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ деновиве ужива во преубавата Франција.
Имено таа објави неколку фотографии од Париз, на кои позира во две модни комбинации во кои преовладуваат беж нијанси. Оваа боја е совршена за есенската сезона. Баш како Мина, може да ја носите на панталони, џемпери, јакни, обувки- и лесно да правите минималистички, а тренди комбинации.