Одлуката е донесена: Млад актер ќе ја игра улогата на Елвис Присли!
По многу аудиции, продуцентот Баз Лухрман издовои четири финалисти кои се натпреваруваа за легендарната улога на Елвис Присли.
Во прашање се прочуените млади ѕвезди: Хари Стајлс, Ансел Елгорт, Мајлс Телер и Остин Батлер. За актер кој ќе го игра Елвис е одбран токму Остин.
Покрај него, во филмот ќе се појави и Том Ханкс, во улогата на менаџерот на Елвис.