Огнен и Лина ги вкрстија гласовите: Со стара македонска песна ги честитаа претстојните празници
Огнен Здравковски и Лина Пејовска се претставници на помладата генерација пејачи. И двајцата се пробија во балканските музички натпреварување - Огнен во „Ѕвездите на Гранд“, а Лина во „Ѕвездичките на Пинк“. Уште со првото претставување во натпреварувањата покажаа што знаат и умеат, а сега конечно се решија да ги вкрстат и своите гласови.
Со стара македонска песна им посакаа среќни празници на сите нивни следбеници. Станува збор за песната „Што да правам, што да чинам“, која ја донесоа на еден свој единствен и уникатен начин.
Како звучат Огнен и Лина во дует слушнете во продолжение: