Околу неа има само снег и мраз: Руска балерина играше сцена од „Лебедово езеро“ -15
Видеото е снимено во замрзнатиот дел на Финскиот залив...
Руската балерина од светски познатиот театар „Марински“ настапи на отворено, изведувајќи сцена од „Лебедово езеро“ на Чајковски на мраз и на температура од -15 степени Целзиусови.
Според Би-Би-Си, руската балерина која играла во замрзнатиот дел од Финскиот Залив е Илмира Баграутинова.
Според светските медиуми, нејзиниот настап всушност бил начин за да се искаже спротивставување на изградби во близина на пристаништето во заливот Батарејанаја, популарна плажа која се наоѓа на околу 100 километри западно од Санкт Петербург.
Како што истакнува, се надева дека со ова видео ќе може да ги спаси лебедите, нивните гнезда и живеалишта кои се во опасност поради најавите за градба.